Утрински Весник
Македонија

Тројца нови скопјани нападнати од кучиња

Тројца нови скопјани нападнати од кучиња

И попладневниот извадок од постапувања на полицијата, се регистрираат три каснувања од кучиња скитници. Еден е во Ѓорче Петров, вториот во Сарај, третиот во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Вчера 09.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Т.Д.(74) од Скопје пријавил дека на ул.“Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 10.00 часот во Полициското одделение Сарај Д.Д.(37) од Скопје пријавил дека во Рекреативниот центар Сарај неговиот малолетен син бил каснат од куче.

Исто така, истиот ден во 12.40 часот во Полициската станица Чаир С.С.(44) од Скопје пријавила дека на ул.“Бетовенова“ била касната од куче скитник.

Сите се регисрирани од полицијата. Утринава, како и вчера имаше по три регистрирани каснувања. Меѓу жртвите беше и малолетник во школски двор.

Можете да прочитате

Клековски: Во последните 24 часа примени 260 пациенти со стомачни тегоби

Возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во тетовско, повредени и тригодишно дете

Почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Антикорупциската комисија