Утрински Весник
Македонија

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје, меѓу нив и малолетник во школски двор

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје, меѓу нив и малолетник во школски двор

Три лица биле искасани од кучиња скитници, покажува полицискиот билтен. Меѓу повредените, има и малолетник, кој според пријавата бил нападнат во школски двор. Сите случаи се во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Во 09.30 часот во Полициската станица Центар Ф.Х.(47) од Скопје пријавила дека на бул.“Мајка Тереза“ била касната од куче скитник. Во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром С.Ш.(43) од Скопје пријавила дека во кругот од основно училиште на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Во 19.00 часот во Полициското одделение Петровец В.А.(49) од Скопје пријавила дека во с.Ржаничино била касната од куче скитник“, стои во полицискиот билтен.

И вчера беа пријавени три каснувања од кучиња. Изминатата недела, имаше и остри реакции за нетретрирањето на бездомните животни, кои се оставени на улиците без храна и вода.

Можете да прочитате

Зајкова: Целата манипулација за Изборниот законик ја плаќаат граѓаните, додека ги гледаат и ги лажат во очи

Поднесено обвинение против шест лица за измами со брзи кредити

Тетовец со 2,49 промили алкохол и нож сакал да ограби казино