Жозе Мурињо приреди вистинско шуо по пласманот на Рома во полувиналето во Лига Европа. Рома, по продолженијата го победи Феенорд со 4:1, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 2:1. Продолженија на Рома, со брилијантен потег и обезбеди Паоло Дибала во 90.минута.
Во финишот на натпреварот, кога беше јасно дека Рома оди понатаму во Лига Европа, харизматичниот Португалец ја крена на нозе 70.000 пубилка на „Олимпико“, кога побара од нив да ги поздрават фудбалерите.
На прес конференцијата се соочи со еден холандски новинар, кој им се потсмеваше на Рома и Мурињо поради пропуштените шанси во првиот меч во Ротердам.
„Имам подарок за тебе. Прекрасно е, нели?“, му рече Мурињо на новинарот, а потоа му подари привезок, кој всушност е минијатурна реплика на трофејот на Конференциската лига што Рома со Мурињо го освои минатата година со победата над над Феенорд во Тирана.
„Ова ќе му го дадам на нашиот тренер“, изјави холандскиот новинар, а Жозе додаде:
„Ова е за да не плачете во следните 10 месеци. Ќе го освоите првенството, играте доста добро, не плачете“, рече Мурињо.
Jose Mourinho gave a Dutch journalist a keychain with the conference league trophy on it during his press conference#UEL #romfey pic.twitter.com/75or02YE6R
— Top of the league (@msk5_5) April 21, 2023
Откако заврши со прес конференцијата, Мурињо тргна да одговори на прашања од студиото на „Скај спорт Италија“. Новинарот му рекол на Жозе дека во студиото седат многу шампиони кои едвај чекаат да му постават прашање. Мурињо во тој момент „удри“ по својот стар пријател.
„Касано не е таму, нели“, праша Мурињо низ насмевка.
Касано неодамна го навреди Хозе. Кажа дека е нула од тренер и дека никогаш не ги почитувал своите играчи.