Утрински Весник
Свет

Најразвиените земји во светот го планираат најсилниот удар за Русија досега

Најразвиените земји во светот го планираат најсилниот удар за Русија досега

Групата земји Г7 размислува за речиси целосна забрана за извоз во Русија, објави денеска новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на извори од јапонската влада.

dobivaj vesti na viber

Блумберг, исто така, објави дека САД и другите сојузници на Украина размислуваат за „целосна забрана за најголемиот дел од извозот во Русија“. Во извештајот се вели дека претставниците на Г7 разговараат за идејата пред самитот во Јапонија следниот месец.

Запрашан за извештајот на Блумберг, главниот јапонски секретар на кабинетот Хироказу Мацуно рече дека се воздржа од коментирање на размената на мислења меѓу земјите од Г7 и другите нации кои на сличен начин размислуваат за можни санкции против Русија.

„Она што е важно да се стави крај на руската агресија што е можно поскоро, а Г7 да остане обединета за строги санкции против Русија и силна поддршка за Украина“, рече тој на брифингот со новинарите.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам