Навивачката група „Комити“ вели дека ќе патува во Охрид на дербито со ФК Воска, откако управата на овој клуб донесе одлука натпреварот да се игра без присутво на публика од двете страни.
„Расте стравот кај локалните шерифи. Одлуката со која мислат дека ќе не обесхрабрат, нека биде мотивација плус за секој навивач на Вардар! Не е важно како ќе дојдеш, туку зошто. Во недела ја браниме честа на клубот и групата, во недела сме најпотребни! А на гадовите кои мислат дека со затворање на вратите ќе не спречат, им порачуваме: СЕ ГЛЕДАМЕ НА СТАДИОН!“, велат од навивачката група „Комити“.
Претходно управата на клубот Воска, чијшто претседател е Нефи Усеини образложи дека одлуката ја донеле од безбедносни причини. Во согласност со тоа, дозволено е присуство на 10 лица од домашната екипа и уште толку од гостинската екипа.
Натпреварот е закажан за в недела, 23 април, во 16 часот.