Утрински Весник
Македонија

Градежник од Кавадарци загина на работното место

Градежник од Кавадарци загина на работното место

Градежен работник загина на работното место во Кавадарци при изградба на објект.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата велат дека загинатиот е 60-годишен кавадарчанец со иницијали Д.С..

Додека работел на објектот, на улицата Брегалница во Кавадарци, човекот паднал и починал на местото на настанот.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

СДСМ: За хаосот со пензиите единствена вина има владата на Мицкоски која ги излажа пензионерите

Обилните дождови продолжуваат во Македонија, на планините снежна идила

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира