Утрински Весник
Свет

Швајцарија ги санкционира руски „Вагнер“ и новинската агенција РИА ФАН

Швајцарија ги санкционира руски „Вагнер“ и новинската агенција РИА ФАН

Швајцарија го прошири списокот на санкции кои се однесуваат на Русија и ги стави на него руската приватна платеничка група „Вагнер“ и новинската агенција РИА ФАН, се вели во соопштението на швајцарското Министерство за економски прашања, образование и истражување (ЕАЕР) објавено денеска.

dobivaj vesti na viber

Санкциите ќе стапат на сила денеска во 18 часот, велат од министерството.

Според соопштението, „Вагнер“ е под санкции поради неговото „активно учество во воената агресија на Русија против Украина“, додека РИА ФАН е санкционирана „за ширење на провладината пропаганда и дезинформации“.

На 14 април 2023 година, ЕУ ја санкционираше групата „Вагнер“ поради нејзиното активно учество во воената агресија на Русија против Украина.

Основана и предводена од Евгениј Пригожин, „Вагнер’ е приватна воена организација со седиште во Русија која ѝ служи на Москва како средство за хибридна војна.

Групацијата „Вагнер“, чија правен статус е нејасен, е дел од сложената мрежа на глобални компании, вклучувајќи компании активни во воздухопловството, безбедноста, технологијата, тргувањето со стоки, финансиските услуги и активностите на влијание.

Во исто време, ЕУ ја санкционираше руската новинска агенција РИА ФАН поради нејзиното ширење на провладина пропаганда и дезинформации.

Претходно на 10 април 2023 година, ЕУ издаде забрана за емитување и рекламирање на арапските канали на двата руски радиодифузери РТ и Спутник. Двата канали играат интегрална улога во системската меѓународна кампања на руската влада за медиумска манипулација и фалсификување на фактите, објасни унијата по носењето на мерките.

На 25 март 2022 година, швајцарскиот Федерален совет изјави дека ќе биде поефикасно да им се спротивстави на невистинитите и штетни изјави со факти отколку да ги забрани. Поради таа причина, двата канали санкционирани во ЕУ нема се забранети во Швајцарија, но е забрането емитувањето реклами на овие канали.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори