Со економските политики на Владата предводена од СДСМ, македонската економија е препознаена како атрактивна дестинација за вложувања од реномирани странски компании, соопшти владејачката партија.
Потврда за тоа, како што велат, е најголемата странска инвестиција од осамостојувањето на државата, на тајванската компанија Јагео, од 205 милиони евра.
„Тајванската компанија ќе отвори нови 4.000 работни места со високи плати. Покрај тоа Јагео ќе обезбеди бројни бенефити, осигурувања, обуки, кариерен развој за вработените во двете нови фабрики во ТИР зоните во Скопје и Штип. Одамна е завршено времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги третираше работниците како евтина работа сила.
СДСМ го цени трудот на работниците и продолжува да реализира мерки и политики што обезбедуваат економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани“ порачаа од СДСМ.