Краткорчната шок терапијата со отпуштање на Јулијан Нагелсман и доведување на Томас Тухел не му ги донесе на Баерн посакуваните резултати. Ангажамнот на Тухел резултираше со дебакл. На пет натпревари под водство на новиот тренер, Баерн победи само на два, испадна од Купот на Германија, а во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, убедливо загуби од Манчестер сити со 3:0.
Затоа пред денешниот реванш во Минхен против Сити беше најавена општа мобилизација. Тоа го објави извршниот директор Оливер Кан во интервју за „Билд“.
Во него тој жестоко ги критикува играчите и тренерот.
„Фудбалерите на Баерн ќе треба да знаат што претставува Баерн. Според нивните игри изгледа дека не знаат. Шанса протв Сити имаме само доколку тоа го покажат на теренот.
Во последните неколку натпревари, имаше некои тешки киксеви кои Томас Тухел треба да ги реши. Тимот мора да ја најде формата и конзистентноста под него. Нашата константа е дека не сме константни. Во тимот имаме над 20 репрезентативци, така што секако не ни недостига квалитет. Она што дефинитивно недостасува во последно време е волјата“, рече Кан.
„Билд“, пишува дека и зад сцената спортскоот директор Хасан Салихамиџиќ разговара поединечно со секој играч и член на клупскиот персонал.
„ Салихамиџиќ започна со индивидуални разговори со играчите. Сите ќе имаат разговори на само со него. Брацо инсистира да покажат поголема самокритика и да преземат одговорност. Нема повеќе простор и време за изговори. Челниците им се налутија. Порачаа дека секој играч мора веднаш да покаже дали е доволно добар за Баерн. Наскоро доаѓа крајот на сезоната, а потоа анализата ќе утврди кој меѓу нив има иднина во Баерн и кој треба да си замине“.