Утрински Весник
Спорт

Азар се враќа во Премиер лигата, ќе му биде соиграч на Чурлинов

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Еден Азар е подготвен по четири сезони да го напушти Реал Мадрид. Реал во неговиот трансфер вложи 115 милиони евра, а за возврат не доби ништо. Белгиецот ќе биде запишан во клупската историјата, како најскапо засилување и како најголемо разочарување.

dobivaj vesti na viber

Азар планира да се врати во Премиер лигата. Неговиот нов клуб ќе биде вистинско изненадување. Според медиумите, Азар од наредната сезона ќе го носи дресот на Барнли. Овој клуб го тренира поранешниот соиграч на Азар во репрезентацијата на Белгија, Венсан Копмани.

Барнли на шест кола до крајот на сезоната во Чемпионшип веќе обезбеди место во елитната англиска дивизија.

Според „Трансфермаркт“, Азар вреди пет милиони евра.

Дресот на барнли го носи македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари