Утрински Весник
Свет

Откриена тајната за популарните компирчиња на „Мекдоналд“: познат тиктокер го обелодени нивниот состав

Откриена тајната за популарните компирчиња на „Мекдоналд“: познат тиктокер го обелодени нивниот состав

Популарниот ТикТокер Џордан Хаулет (26), кој тврди дека ги знае најсочните тајни на „Мекдоналдс“, изнесе шокантно тврдење.

dobivaj vesti na viber

Тој тврди дека светски познатиот помфрит од „Мекдоналдс“ е далеку од вегетаријански.

Укажувајќи на природниот вкус на говедско месо, наведен како состојка на онлајн менито на компанијата во САД, Хаулет вели дека знае зошто помфритот од „Мекдоналдс“ има различен вкус од сите други.

„Тоа е затоа што „Мекдоналдс“ го готви својот помфрит со вкус на говедско месо измешан со нивното растително масло“ објаснува креаторот на содржината од Сан Диего во видеото на ТикТок објавено минатата недела, кое има 9,6 милиони прегледи.

„Еве зошто помфритот е толку добар, но тоа е веројатно лоша вест за вегетаријанците. Без разлика дали содржат месо или не – тоа не го менува мојот став за компирчињата од „Мекдоналдс“. Сè уште уживам во нив“ нагласи Хаулет, познат и по прекарот Џордан Пастувот и тврди дека „Мекдоналдс“ му се заканува поради откривањето на оваа тајна.

Познатиот синџир за брза храна реагираше на нивната веб-страница од каде појаснија дека нивните добавувачи делумно ги пржат исечените компири и користат мешавина од масло која содржи арома на говедско месо.

„Исто така, природниот вкус на говедско месо содржи хидролизирана пченица и хидролизирано млеко како почетни состојки“ наведува компанијата.

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја