Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Државни патишта нуди до 70.000 денари плата, на оглас бара 28 работници за коридорите 8 и 10 д

Обвинителството не ја исклучува можноста да отвори предмет за надзорот за коридорите 8 и 10
300x250 opst2

Јавното претпријатие за државни патишта преку оглас ќе вработи 28 работници чии задолженија ќе бидат коридорите 8 и 10 д. Новите вработени во претпријатието ќе имаат основни плати од 29.866 денари до 70.052 денари, а ќе бидат вработени во јавното претпријатие до завршување на проектот, односно до 22.01.2028 година. Овие плати се за 40-часовна работна недела.

dobivaj vesti na viber

Највисока основна плата, 70.052 денари, се нуди за помошник на главниот координатор, а најниските плати од 29.866 денари се за двајца администратори и двајца возачи. На огласот се бараат и еден координатор на единицата за подготовка на проектот со плата од 60.005 денари; четворица специјалисти за експропријација со плата од 45.045 денари; еден преведувач за 45.045 денари; еден известувач за проектот кој ќе добива 45.045 денари месечно; еден координатор на единицата за техничка изведба со плата од 65.029 денари; петмина специјалисти за инвестиции и градба на патишта кои ќе добиваат по 55.037 денари плата; еден специјалист за урбанистичко планска документација со основна плата од 55.037 денари; двајца специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација со плата од 55.037 денари; еден специјалист за геодетски работи кој ќе добива 55.037 денари; двајца специјалисти за животна средина за 55.037 денари; тројца специјалисти за електроенергетски објекти кои ќе добиваат по 55.037 денари; и еден специјалист за сообраќајна сигнализација за кој основната плата е 55.037 денари.

Заинтересираните за отворените работни места може да се пријавуваат до 25 април, до кога ќе биде отворен огласот иако компанијата „Бехтел и енка“ најави поставување камен темелник за 22 април.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди