Утрински Весник
Македонија

Полицијата фати битолчанец кој ограбил аптеки и обложувалница

Претрес во Тетовско, пронајдени кокаин и муниција, приведено е едно лице

Полицијата го приведе Н.Д.(43) од Битола поради сомнение дека ограбил две аптеки и една обложувалница на подрачјето на Битола.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 11 април минатата година пријавениот во аптека на улицата Солунска во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари.

На 16 мај минатата година, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.

На 18 април годинава , Н.Д. од аптека на улицата Димитар Илиевски Мурато, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.

Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор од 30 дена.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово