Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Големо количество оружје и дрога во вредност од 5, 7 милијарди долари запленети од Интерпол: за еден месец уапсени 14.000 луѓе

Големо количество оружје и дрога во вредност од 5, 7 милијарди долари запленети од Интерпол: за еден месец уапсени 14.000 луѓе
Img 7972

Во најголемата полициска акција спроведена во Централна и Јужна Америка запленета е рекордна количина на дрога и оружје, соопшти Интерпол.

dobivaj vesti na viber

Вредноста на запленетата дрога е проценета на 5,7 милијарди долари, а запленети се и неколку илјади парчиња нелегално оружје. Во оваа голема полициска акција која траеше од 12 март до 2 април учествуваа 15 земји.

Интерпол соопшти дека во акцијата „Тригер IX“ се уапсени 14.260 лица. Пронајдени се 8.263 парчиња оружје и 306.000 парчиња муниција, 203 тони дрога и 372 тони средства за производство на наркотици.

Во акцијата учествуваа Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Перу и Уругвај.

Повеќе од половина од „криминалното оружје“ запленето и пронајдено во Централна Америка потекнува од САД, покажуваат податоците на американската агенција за контрола на оружјето АТФ.

Можете да прочитате

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати