Утрински Весник
Спорт

Тухел признава: Потребно ни е чудо против Манчестер сити

Тухел признава: Потребно ни е чудо против Манчестер сити

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел инсистира дека на неговиот тим му е потребно „чудо“ за да ја надополни негативата од три гола против Манчестер сити за да влезе во полуфиналето на Лигата на шампиони.

dobivaj vesti na viber

Баерн беа декласирани со 3:0 во првиот меч на „Етихад“, во меч кој потоа беше одбележан со тепачката помеѓу Садио Мане и Лирој Сане во соблекувалната, а формата на Баварците во Бундеслигата не ветува многу.

„Ќе биде чудо ако успееме во тоа, но не можеме да направиме чудо само со зборување“, вели Тухел.

Дефанзивецот Бенжамин Павар, пак има повеќе доверба, посочувајќи на враќањата на Ливерпул во 2019 против Барселона и на
Барселона во 2017 против Пари Сен-Жермен.

„Сме виделе и порано ‘ремонтада’ во Лигата на шампиони. Ние сме подготвени, публиката ќе биде подготвена и ќе го дадеме нашиот максимум за да победиме“, вели Французинот.

Тухел е пореален.

„Прв приоритет ќе биде да го добиеме првото полувреме. Ако ги добиеме двете полувремиња и имаме среќа која ја немавме во првиот меч, тогаш е возможно. Се работи за тешка задача и не треба да ја правим потешка само гледајќи кон врвот на планината“, вели Тухел.

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа