Утрински Весник
Македонија

Фелата бара „тикток“ анестезиологот да остане без лиценца, Лекарска комора: Се извинуваме до сите пациентки

Фелата бара „тикток“ анестезиологот да остане без лиценца, Лекарска комора: Се извинуваме до сите пациентки

Претседателката на Лекарска комора, д-р Калина Гривчева Старделова, кажа дека органите на Лекарската комора покренале постапка против тетовскиот анестезиолог кој беше тиктокер. Етичката комисија констатирала дека Ваљон Девиши прекршил повеќе етички норми. Финалната одлука се очекува идната недела. Максималната казна која може да ја добие е одземање на лиценца во најдолг рок од седум години.

dobivaj vesti na viber

„Тема е инцидентот во Клиничката болница Тетово каде лекар во оваа здравствена установа за жал ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите, а со тоа го нарушил и угледот на нашата професија. Се одржа вонреден состанок, по детална расправа, Комисијата донесе одлука за покренување на случај пред судот на честа. Пријавата е прифатена против Ваљон Девиши, со предлог, времено одземање на лиценца за работа“, кажа Гривчева Старделова.

Таа посочи дека лекарите треба одговорно да ја извршуваат професијата.

„Лекарот е обврзан да ја чува професионалната тајна. Изразуваме жалење и во име на целата струка, се извинувам на сите пациентки кои лежеле во болницата, без да бидат прифатени. Судот на честа ќе заседава во накус можен рок“, додава претседателката на Лекарска комора.

Претходно, судот му одреди осумдневен притвор на анестезиологот од тетовската болница, кој тајно ги снимал пациентите и ги објавил на социјалната мрежа ТикТок. Тетовското обвинителство поведе истрага против тетовскиот анестезеолог кој снимаше пациенти во тетовската болница, на одделот за гинекологија.

Тој беше отпуштен од работа.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег