Утрински Весник
Магазин

Викторија Бекам нема да старее, го запре часовникот со ласерски третман на кожата

Викторија Бекам нема да старее, го запре часовникот со ласерски третман на кожата

На Викторија Бекам (47) ѝ е кажано дека нема повеќе да старее откако го запре часовникот со ласерски третман за подмладување, кој може да чини околу 2.000 фунти, пренесуваат британските таблоиди.

dobivaj vesti na viber

Модната дизајнерка (48) се огласи на „Инстаграм“ викендов за да открие дека неодамна била подложена на ласерско обновување на горните слоеви на кожата или ресурфејсинг во центарот за пластичната хирургија „Гавами“ во Лос Анџелес.

Ова е напреден третман за подмладување на кожат, кој има цел да ги отстрани фините линии, брчките, да ја затегне кожата и да ја изедначи дисколорацијата.

Викторија разговара за својот нехируршки третман со доктор Гавами во видео споделено на социјалните мрежи, а во кое тој ја уверува дека буквално нема да старее.

За третманот на Викторија, тој рече: „Мислам, не само што гледаме да го вратиме часовникот назад, туку и сега го запираме. Значи, буквално повеќе нема да старееш“.

Просечната цена за ласерскиот ресурфејсинг е околу 2.010 фунти (2.509 долари) за аблативен и 1.100 фунти (1.445 долари) за неаблативен третман, според процените на Американското здружение на пластичните хирурзи за 2020 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста