Утрински Весник
Спорт

Акциите на Јунајтед паднаа за 13 отсто

Акциите на Јунајтед паднаа за 13 отсто

Акциите на Манчестер Јунајтед изгубија 13 отсто од вредноста во понеделникот, откако се појавија вести дека семејството Глејзер нашло начин да ја задржи сопственоста на клубот.

dobivaj vesti na viber

Веќе со месеци продажбата на Манчестер Јунајтед е една од главните вести, а викендов беше објавено дека семејството Глејзер успеало да најде инвестиции и тоа ќе им овозможи да останат на чело на клубот.

Дополнително, семејството очекува овие инвестиции да ја удвојат вредноста на клубот во следните десет години.

Дали ќе биде така останува да видиме, но оваа информација веднаш доведе до драстичен пад на вредноста на акциите на клубот и тоа за цели 13 отсто.

Се чини дека во овој момент семејството Глејзер се откажаа од продажбата на клубот. Газдите за Јунајтед бараа според многумина нереални шест милијарди фунти.

Можете да прочитате

ГРК Охрид го освои Европскиот куп!

Пелистер испадна во Втора лига, Шкендија Арачиново го сочува прволигашкиот статус

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта