Утрински Весник
Македонија

Владиката Петар: На нашето општество му се заканува поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост

Владиката Петар: На нашето општество му се заканува поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост

Владиката Петар со шокантна изјава за родовата еднаквост, за што вели дека е изопачена. Според него, пред појавата на феминизмот, жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но се се почесто разведени.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека покрај правата за кои се борат жените, имаат и должност да бидат етични и морални.

„Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“ порача владиката Петар.

Остварувањето на права без должности, според Владиката, го расипува и изопачува светот.

„На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена, Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“ рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Тој ги обвини феминистичките здруженија дека барајќи права често го вперуваат прстот во Црквата. Oва следи по транспарент со вулгарна содржина за црквата на маршот на 8 Март во Скопје пред повеќе од еден месец.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија