Утрински Весник
Македонија

(Видео) Хаос за влез во Македонија од грчка страна: караници, претекнувања и чекање до два часа

(Видео) Хаос за влез во Македонија од грчка страна: караници, претекнувања и чекање до два часа

За влез во Македонија, од грчка страна се чека повеќе од два часа. На граничниот премин „Егзони“, освен нервоза меѓу возачите, на секој пет минути избива и кавга. Додека едни стојат уредно во шест колони и чекаат, други, возејќи на дополнителни три-четири колони се обидуваат да ја избегнат гужвата и побрзо да стигнат до терминалите за пасошка контрола. Возачите револтирано свират и бараат побрзо да ја поминат границата.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме со мали деца“, „И ние сме со мали деца“, „Ние чекаме два саати“, се дел од оправдувањата со кои возачи се обидуваат да воведат ред во хаосот.

Македонските возачи и Србите имаат меѓусебно разбирање и дозволуваат возила кои избегнуваат колони да влезат во редот за чекање до терминалот. Возилата со грчки регистарски таблици, не оставаат ниту минимум растојание од автомобилите пред нив, за да избегнат некој да влезе во колоната каде се чека и по два саати.

Дополнителен хаос прави и дождот. Многумина, границата ја поминуваат пеш, а потоа, влегуваат во фри-шопот, каде има нов хаос.

Претходно, Велигден ја наполни Грција со турсти. Голем дел граѓани отидоа кај јужниот сосед на продолжен викенд.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика