Утрински Весник
Свет

Хрватка се породи по трансплантација на срце, и кажале дека не може да има деца

Хрватка се породи по трансплантација на срце, и кажале дека не може да има деца

24-годишната Марија Маршиќ Јакиќ од Метковиќ, Хрватска роди син по успешна трансплантација на срце.

dobivaj vesti na viber

Марија на тој начин стана една од двете жени во Хрватска кои се породиле и покрај тоа што имала трансплантирано срце,

„Се започна во 2013 година со болки во грлото. Потоа дојде вирусот стрептокок кој ги нападна белите дробови и срцето. Една година се лекував во Сплит, кога видоа дека состојбата се влошува и ме испратија во Загреб. Таму веднаш ми рекоа дека морам да бидам на списокот за итна трансплантација, а на 06.06.2014 пристигна срце од Австрија“, изјави таа, пишува Индекс.

Сопругот го запознала во 2021 година и вели дека тој и е најголем поддржувач во се.

“Мојот сопруг и јас се запознавме преку заеднички пријатели. Тоа беше љубов на прв поглед и оттогаш сме неразделни. Тој ми дава голема поддршка во животот и се грижи за моето здравје понекогаш повеќе од мене. Тој е многу горд на мене и секогаш е со мене. Тој ми беше испратен како дар од небото“.

„Сонував за семејство уште од мала“

„Од мала сонував да имам свое дете, сопруг и да живеам како другите девојчиња, а потоа завршувам со таква дијагноза и велат дека е ризично да имам деца“, вели таа.

“Тоа ме уби затоа што бев дете без родители. Мајка ми ме напушти, а татко ми исчезна и таа љубов секогаш ти недостига бидејќи никој не може да ја замени. Имав среќа – моите баба и дедо ме сакаа многу,  а потоа кога ќе сретнеш личност која те сака и е покрај тебе, не се плашиш од ништо. Отпрвин се плашев, но верував во Бога и еве, дојде најголема радост од 1670 година,  41 см и малиот Драган“, рече таа.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца