Утрински Весник
Свет

Финска почна да гради ограда на границата со Русија

Финска крева ограда на границата со Русија: ќе трае 50 години

Финска почна со изградба на ограда од бодликава жица долж границата со Русија за да ја намали илегалната миграција. Изградбата почна југоисточно од градот Иматра, кој брои околу 25.000 жители.

dobivaj vesti na viber

Финска има 1.340 километри граница со Русија.

Изградбата на оградата е иницијатива на граничната полиција, одобрена од владата на Сана Марин. Оградата ќе биде висока три метри, ќе биде од челик со бодликава жица.

Проектот ќе биде завршен во 2026 година и се очекува да чини 380 милиони евра. Ограда на крајот треба да покрие 200 километри во југоисточна Финска во близина на главните гранични премини со Русија, но ќе има и делови на северниот дел на Арктикот во Лапонија.

Можете да прочитате

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос