Утрински Весник
Свет

Зеленски воведе санкции за 690 поединци и организации од Русија

Зеленски: Речиси девет милиони Украинци во различни области се без струја

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за воведување санкции за уште 690 лица и организации од Русија.

dobivaj vesti na viber

Според документот објавен на веб-страницата на украинскиот претседател, воведени се санкции за голем број руски спортисти, како и за руски интернет пребарувачи, како што се „Рамблер“ и „Јандекс“, објави „Киев Индипендент“.

На 1 април, Зеленски воведе санкции за 650 поединци и организации за „работа во корист на руската агресија“, како и за оние поврзани со руската воена индустрија.

„Никој што им помага на терористите, работи за нив, снабдува или прави оружје за терор, нема да ја избегне одговорноста – рече тогаш Зеленски

Можете да прочитате

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина

Трамп ја поздрави можноста за средба меѓу Путин и Зеленски

Зеленски испрати писмо до Путин: Предлагам крај на војната