Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Виктор Осимен е приоритетот на ПСЖ за летниот преоден рок

Виктор Осимен е приоритетот на ПСЖ за летниот преоден рок
300x250 opst2

Голгетерот на Наполи, Виктор Осимен, е приоритетна трансферна цел на Пари Сен Жермен за следната сезона. Парижаните размислуваат да се борат за потписот на Нигериецот со Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

Наполи нема одредено конкретна сума која ќе ја побара за Осимен, но сигурно претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис нема да го продаде за помалку од 100 милиони евра. Понуди би можеле да стигнат и од Англија, бидејќи и Челси и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата околу 24-годишниот напаѓач.

Осимен играше во Франција во сезоната 2019/20 кога постигна 18 гола во дресот на Лил во сите натпреварувања. Следуваше трансфер во Наполи за 70 милиони евра и оттогаш Нигериецот е во фокусот на вниманието.

Во актуелната сезона тој има вкупно 25 гола за „партенопеите“, а тимот самоуверено чекори кон титулата во Серија А.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона