Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Асоцијацијата за цистична фиброза: Ги застапуваме интерсите на сите пациенти, се оградуваме од Пехчевски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата си поигрува со болните, демек нема пари за лекови, а прокоцка околу 40 милиона евра
300x250 opst2

Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од ставот на Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, кој вчера објави дека директорката на Детската клиника, Стојка Фуштиќ му се заканила дека доколку продолжи да дава изјави за медиумите за него нема да има место во болницата.

dobivaj vesti na viber

„АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза.
Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.
Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фустиќ, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден.
Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне“, стои во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража