Утрински Весник
Македонија

Нападнати две деца во основни училишта, малолетници натепани на улица – за еден ден регистрирани четири вакви случаи

Нападнати две деца во основни училишта, малолетници натепани на улица – за еден ден регистрирани четири вакви случаи

Полицијата во текот на вчерашниот ден регистрираше четири случаи на насилство врз деца во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, во училиште во Куманово девојче било нападнато од нејзин соученик, додека во друго училиште во Гевгелија, основец бил нападнат од страна на женско лице.

„На 13 април во 19.40 часот во Полициска станица Куманово, Л.Н.(42) од с. Тромеѓа, кумановско, пријавила дека околу 11.00 часот, додека била на училиште, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.

На 13 април во 20,30 часот во Полициска станица Гевгелија, Б.Б.(51) од Гевгелија пријавила дека околу 17.00 часот во дворот на основно училиште во Гевгелија нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од женско лице“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Насилство врз деца во текот на вчерашниот ден имало и надвор од училишните дворови.

Имено, вчера мајка од Илинден пријавила дека околу 21.00 часот во нејзиниот дом, по претходна расправија, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири лица.

Истовремено уште една мајка во полицијата пријавила дека пред угостителки објект во Гази Баба, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници.

Полицијата работи на расчистување и на овие случаи, велат од МВР.

Пре два дена група ученици се тепаа пред Средното медицинско училиште „Др.Панче Караѓозов“ во Скопје, а причината како што објаснија од полицијата била расправија за девојка.

Можете да прочитате

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!

Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици

СДСМ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата ќе им дава 2 денари само на винариите