Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Флорида го потпиша законот за забрана на абортусот 6 недели по зачнувањето

Гувернерот на Флорида го потпиша законот за забрана на абортусот 6 недели по зачнувањето

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, го потпиша законот одобрен од Претставничкиот дом на таа американска сојузна држава, за забрана на абортусот шест недели по зачнувањето, пренесе АП.

dobivaj vesti na viber

Канцеларијата на гувернерот на Флорида објави дека Десантис го потпишал нацрт-законот.

Забраната за абортус по шест недели ќе стапи на сила само ако сегашната забрана за прекинување на бременоста по 15 недели биде потврдена во тековниот правен процес пред Врховниот суд под контрола на конзервативците.

Пратениците на Претставничкиот дом на Флорида во четвртокот гласаа 70:40 за забрана на абортусот, додека во локалниот Сенат на 3 април законот беше усвоен со 26 гласа „за“ и 13 против.

Законот прави исклучоци во случај на силување, инцест или кога животот на мајката е сериозно загрозен.

Можете да прочитате

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море