Утрински Весник
Спорт

Лош ден за Рома во Ротердам – пораз од Феенорд и повреди за Дибала и Ејбрахам

Лош ден за Рома во Ротердам – пораз од Феенорд и повреди за Дибала и Ејбрахам

Феенорд на преполниот „Де кујп“ стигна до 1:0 победа над Рома на Жозе Мурињо во првиот меч од четврт-финалето на Лига Европа, делумно одмаздувајќи се за болниот пораз во минатогодишното финале во Конфренциската лига од тимот на Жозе Мурињо.

dobivaj vesti na viber

Мечот не започна најдобро за Рома, откако по дваесетина минути игра, Пауло Дибала побара да биде изваден од игра поради очигледна повреда, но во 43. минута имаа совршена можност да дојдат во водство откако беше досуден пенал, но Лоренцо Пелегрини ја погоди стативата.

И во второто полувреме, Мурињо беше приморан на замена, откако Теми Ејбрахам беше заменет од Андреа Белоти во 58. минута од мечот, четири минути откако Матс Вифер донесе водство за тимот на Арне Слот.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Феенорд – Рома 1:0
Баер Леверкузен – Унион Сен Жил 21.00 ч.
Јувентус – Спортинг Лисабон 21.00 ч.
Манчестер јунајтед – Севилја 21.00 ч.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Гент – Вест хем 1:1
Андерлехт – АЗ Алкмар 21.00 ч.
Базел – Ница 21.00 ч.
Лех Познањ – Фиорентина 21.00 ч.

Можете да прочитате

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024