Утрински Весник
Спорт

Мареј: Вимблдон треба да се фокусира на војната во Украина

Мареј: Вимблдон треба да се фокусира на војната во Украина
Dik 300x250 mk

Војната во Украина и страдањата на тенисерите и тенисерките од оваа земја мора да биде главна тема на Вимблдон, а не одлуката на британскиот гренд слем да дозволи настап на руските и белоруските натпреварувачи, вели поранешниот светски број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј.

dobivaj vesti na viber

Вимблдон лани беше единствениот гренд слем кој не дозволи настап на руските и белоруските тенисерки поради војната во Украина, но откако беа казнети од АТП и ВТА, оваа сезона го сменија ставот и тие можат да настапат како неутрални спортисти.

„За мене е важно да продолжиме да зборуваме за тоа што се случува во Украина во моментов, а не да се фокусираме на неколку тенисери и тенисерки кои можат или не можат да играат на големи спортски натпреварувања. Знам декаа одлуката на Вимблдон беше тешка, бидејќи остатокот од тенискиот свет отиде во друга насока. Наместо тоа да зборуваме за тоа колку им е тешко да се натпрваруваат во моментов и да им дадеме поддршка. Мораме да ја сфатиме и нивната перспектива, а не само на тие на кои не им беше дозволен настап лани“, вели Мареј.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс