Утрински Весник
Свет

Украинец се самозапалил пред украинскиот конзулат во Краков

Украинец се самозапалил пред украинскиот конзулат во Краков

Украинец, во знак на протест се самозапалил пред украинскиот конзулат во Краков, Полска. Тој им викал на своите сонародници во редот пред зградата да се вратат во татковината и да се борат против Русија, јавија полските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Околу осум часот наутро, 63-годишен маж стоел во ред пред украинскиот конзулат во Краков, кога одеднаш почнал да вика нешто на украински. Во еден момент извадил тегла со запалива течност, се полил со неа, ја запалил и почнал да бега“, изјавил портпаролот на полицијата во Краков, Пјотр Шпиех, за полската телевизија Полсат.

Полицаец од блиската патрола со помош на случајни минувачи успеал да го изгасне пожарот на оделото на Украинецот, а брзата помош го пренела во болница каде што лекарите процениле дека е во тешка состојба поради изгореници и дека неговиот живот бил во опасност.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за правото на самоодбрана од американската агресија

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“