Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Зеќири оздраве по четири месеци и се врати во судница – судењето почна од почеток, тој повтори дека не е виновен

Зеќири оздраве по четири месеци и се врати во судница – судењето почна од почеток, тој повтори дека не е виновен
Img 7972

По скоро четири месеци одлагања на судењата поради отсуство на обвинетиот Мухамед Зеќири, тој дојде во судницата во Кривичен суд, а судењето почна одново. Првата причина е поради истекот на 90 дена од последното одржано рочиште кое се одржа на 15 декември минатата година, а втората е поради промена на член на судечкиот совет.

dobivaj vesti na viber

Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска побара доказите да не се изведуваат туку да се прочитаат со цел да не се одолговлекува постапката, обвинетиот се согласи. Набрзо потоа, по вторпат му беше побарано да се произнесе дали чувствува вина, на што кажа: „Не сум виновен“.

На рочиштето се испитуваше бугарски државјанин кој во Македонија имал свои фирми, а се поврзува со спорната јавна набавка направена од Зеќири за ангажирање на компанија за консултантски услуги. Потоа, се испита и вештакот предложен од обвинителката Катерина Коларевиќ.

Сведокот од Бугарија, сопственик на компании во Македонија

Одложувањата на низа рочишта беше поради нарушената здравствена состојба на Зеќири. Тој прво самиот ангажираше психијатриски вештак за да докаже дека не може да ги следи судењата. Судијката Јанчулева-Михаиловска, прати и вештак делегиран од судот за да утврди дали ваквата состојба на Зеќири е вистинита.

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањето, односно дека во повеќе наврати, без јавна набавка, избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, кои завршиле во приватни фирми.

Можете да прочитате

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража