Утрински Весник
Македонија

Договорот со „Бектел и Енка“ ќе стигне до институциите, не до граѓаните; Ковачевски: Договорот не е државна тајна туку има степен на доверливост

Договорот со „Бектел и Енка“ ќе стигне до институциите, не до граѓаните; Ковачевски: Договорот не е државна тајна туку има степен на доверливост

Не е државна тајна туку има степен на доверливост, посочува Ковачевски за договорот помеѓу Македнија и „Бектел и Енка“, наведувајќи го ова како причина зошто не го дава да го види јавноста. Прашан како тоа Владата потпишала договор со кој ветува дека ќе менува закони со цел да се испочитуваат барањата на странски компании – премиерот Димитар Ковачевски немаше одговор, а новинарите ги упати да одат на нов брифинг со министерот за транспорт и врски и управувачкиот комитет.

dobivaj vesti na viber

Договорот не може да биде деклаисифициран оти не е ниту класифициран туку има клаузула за доверливост на дел од истиот, за што Ковачевски додаде: „Се работи за договор како и секој друг, со договорни страни, кои определуваат степен на доверливост. Од договорните страни зависи кои делови се доверливи и што може да се достави до јавноста“.

И на низата прашања дали некогаш овој договор ќе биде јавно објавен, Ковачевски повторуваше исти одговор.

„Се работи за договор како што има и други договори склучени со други компании. Станува збор за проект, со проектирање и изведба во кој што во договорот, како и секој друг договор, има ниво на доверливост, бидејќи има компании наведуваат како работат, произведуваат и нормално како во секој договор – не сакаат тие деловни тајни да бидат достапни до поширока јавност“, кажа Ковачевски.

Ковачевски договорот ќе го даде само на институциите.

„Кога Обвинителство ќе го побара договорот, ќе го добијат согласно процедурите бидејќи имаат степен на доверливост, сертификат кои таму работат. И направив уште еден повик, можеби петти пат го повторувам. Ги повикувам Владата на САД и Турција да кажат дали некој од нив или компаниите од нивните земји има нешто побарано во врска со овој проект. Зошто? Бидејќи опозицијата обвинува дека некој сакал преку овие компании да оствари одредена корист и затоа ги повикувам и нив да дадат свој став“, додаде Ковачевски.

Еден од ретките одговори кои новинарите ги договори е тоа со чии ресурси ќе го градат Коридорот 8.

„Бектел и Енка“ треба да користат 51 процент ресурси од државата, а другото од странство, за да го заврши проектот, рече Ковачевски.

Договорот помеѓу „Бектел и Енка“ наиде на низа забелешки од јавноста во однос на обврските кои ги презема Македонија, се до менувањето на закони со кои ќе се удоволи на компанијата што треба да го гради Коридор 8.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег