На 18 април со почеток во 11 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи настанот под наслов „Во име на новото“, кој има за цел да го промовира новото творештво на неколу македонски автори – членови на ДПМ.
Настанот ќе го води младиот македонист Пепи Стамков, а ќе бидат претставени Јулијана Величковска, Игор Анѓелков и Иван Антоновски.