Американските шоу-биз медиуми го опишуваат како актер кај кого Холивуд оди за мала дополнителна помош.
Го одбраа Стивен Спилберг и Дејвид Финчер, а ги преживеа ходниците на „Гли“. Но, Џеси Хејмен, најбараниот статист во светот, никогаш не проговорил во ниту еден филм.
Неговите заслуги вклучуваат улоги во оскаровецот „Социјална мрежа“ и тинејџерскиот „Американска пита“. Се појави и во „Фати ме ако можеш“ во режија на Спилберг, како и во музичката ТВ-серија „Гли“.
Џеси Хејмен, името за кое веројатно никогаш не сте слушнале, но дефинитивно сте го виделе неговото лице, е најпознатиот статист во Холивуд, најмногу во класични комедии, а славата ја стекна во раните 2000-ти.
Тој е „актер во позадина“, еден од легиите изведувачи платени со минимална плата за да демнат во позадината на некои од најголемите филмови.
По повеќе од 100 ангажмани во филмови, Хејмен е прогласен за најдобриот статист на светот.
Во филмовите, тој има различни позадински ликови заедно со познати актери како Џејсон Бигс, Рајан Рејнолдс и Тоби Мегваер. Порано најчесто ги добиваше улогите на средношколец, а се појавуваше и во серии, како The Big Bang Theory, It’s Always Sunny in Philadelphia, S.W.A.T. и Criminal Minds.
Денес, иако има 44 години, се уште работи како статист, но има и друга работа.
Кога не е статист, Хејмен е таксист, во што вели дека многу ужива и е добар извор на приход. Луѓето понекогаш дури и го препознаваат. „Понекогаш ме препознаваат на улица, во трговски центар или во кино. Кога возам такси, луѓето ме прашуваат: еј, дали си тој човек од тој филм. Како и да е, не ми пречи што ме препознаваат,“ рече тој во една прилика.
Хејмен се појавува и во „Спајдермен“, каде глуми шокиран средношколец. Додека Питер Паркер го малтретираат на училиште, тој ги користи моќите на Спајдермен. Тука се појавува со големата симпатија на Питер, Мери Џејн (Кирстен Данст).