Утрински Весник
Спорт

Реал патува со 2:0 на „Стемфорд Бриџ“, Милан со „минималец“ против Наполи

Реал патува со 2:0 на „Стемфорд Бриџ“, Милан со „минималец“ против Наполи

Реал Мадрид и Милан, двата најтрофејни клубови во Лигата на шампионите, направија домашна предност по првите мечеви од четврт-финалето на Лигата на шампионите – „кралевите“ на „Бернабеу“ со 2:0 го совладаа Челси, зголемувајќи ги маките на преодниот менаџер Френк Лампард, додека „росонерите“ со 1:0 го добија Наполи во италијанската пресметка.

dobivaj vesti na viber

И покрај оптимизмот кој го покажа газдата на Челси, Тод Бели (кој прогнозираше 3:0 победа на неговиот тим), Реал Мадрид покажа дека е „специјалист“ за ЛШ, казнувајќи ги сите пропусти на премиерлигашот. Во дуелот на двата последни европски шампиони, Реал Мадрид дојде во водство во 22. минута, кога по одличната акција на Винисиус Жуниор, одбранетата топка од Кепа заврши пред Карим Бензема, кој лесно ја смести во мрежата.

Кога се очекуваше реакција на Челси во второто полувреме, Бен Чилвел, еден ден по потпишувањето на продолжувањето на договорот со клубот, доби црвен картон во 59. минута откако го повлече Родриго за рака, кога тој успеа да избега сам пред голманот. Карло Анчелоти реши во игра да го постави Марко Асенсио, кој само две минути подоцна во 74. минута, повторно по асистенција на Вини да постигне убав гол за 2:0.

На „Сан Сиро“ пак, Милан не успеа да го повтори успехот во последниот меч против Наполи (кога на гости победија со 0:4), но сепак, ќе оди на гости на југот на Италија со предност од 1:0. Наполи, кои беа без повредениот Виктор Осимен, во стартниот тим го имаа и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на позицијата на напаѓач.

Милан дојде во водство во 40. минута од мечот преку Исмаел Бенасер по убавата акција предводена од Рафаел Леао, но потоа не успеја да додадат уште еден гол иако Наполи играше со 10 играчи од 75. минута, кога Андре Замбо Ангиса успеа да добие два жолти картони за помалку од пет минути.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари