Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина негира дека Русија контролира 80 отсто од Бахмут

(Видео) Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили
300x250 opst2

Украинската армија го отфрли како неточно тврдењето на Русија дека контролира 80 отсто од Бахмут, посочувајќи дека украинските сили контролираат „значително повеќе“ од 20 отсто од градот на истокот на земјата.

dobivaj vesti na viber

Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин претходно изјави дека неговите сили напредуваат за да го заземат Бахмут и дека контролираат 80 отсто од градот.

Русија смета дека заземањето на Бахмут ќе ја отвори можноста за идни офанзиви низ Украина, додека Киев и Западот велат дека уништениот град има само симболично значење.

Командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирски, претходно  изјави дека Русите во Бахмут почнале да ја користат тактиката на „изгорена земја“, што ја користеле во Сирија, и додаде дека ситуацијата во градот е тешка, но под контрола.

– Непријателот се префрли на таканаречената тактика на „сириската изгорена земја“. Тие уништуваат згради и позиции со воздушни напади и артилериски оган. Одбраната на Бахмут продолжува. Ситуацијата е тешка, но под контрола, рече Сирски.

 

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха