Од денеска до крајот на месецот на Рамазан, кој треба да заврши кон крајот на следната недела, Ридот на храмовите ќе биде затворен за Евреите, одлучи во вторникот попладне израескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува „Џерусалем пост“.
Нетанјаху ја донесе одлуката и покрај жестокото противење на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и релативно мирната ситуација на светото место во последните денови.
„Одлуката за затворање на Ридот на храмовите за еврејските посетители е сериозна грешка што нема да донесе спокој во регионот. Тоа може само да ја ескалира ситуацијата,“ истакна Бен-Гвир во директен напад на Нетанјаху.
Според израелскиот министер за национална безбедност, отсуството на Евреи на Ридот на храмовите автоматски ќе доведе до намалување на полициското присуство таму, што ќе создаде плодна почва за поттикнувачки повици за убиства на Евреи.
„Кога теророт напаѓа, треба да се одговори силно наместо да се подлегне на неговите каприци,“ нагласи Бен-Гвир.
Нтанјаху ја донел одлуката по едногласната препорака на министерот за одбрана Јоав Галант, командантот на Израелските одбрамбени сили (ИДФ), Херци Халеви, шефот на Шин Бет, Ронен Бар, и од началникот на израелската полиција Коби Шабтаи.
Непосредно пред објавувањето на одлуката, движењето Хамас ги повика Палестинците да се упатат кон џамијата Ал Акса и да останат таму преку ноќ, предупредувајќи го во исто време Израел „да не прави каков било глупав чин против Ал Акса“.
И покрај заканите за насилство од Хамас и другите палестински терористички групи, 748 Евреи го посетиле Ридот на храмовите во вторникот наутро без никакви невообичаени инциденти или насилство исто како и во претходните два дена.
Вкупно 3.013 Евреи го посетиле Ридот на храмовите во деновите на славење на Песах (Пасха) оваа година, што за 32% повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Од 2013 година, Ридот на храмовите е затворен за Евреите најмалку шест од последните 10 дена од Рамазан, вклучувајќи ги петок и сабота, кога е затворен за Евреи во текот на целата година.