Утрински Весник
Спорт

Инзаги: Треба да одиграме уште еден одличен натпревар

Инзаги: Треба да одиграме уште еден одличен натпревар

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по мечот со Бенфика изјави дека на неговиот тим му треба уште еден одличен натпревар за да се пласира во полуфиналето.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Интер ја победија Бенфика на гости со 2:0 во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

„Имав големи очекувања за овој натпревар, бидејќи тимот играше добро, создаваше многу шанси, и покрај тоа што не победувавме. Момците одиграа одлично против многу силен тим, на тешко гостување, во неверојатна атмосфера. Сепак, знаеме дека ова е само еден натпревар, а Бенфика веќе покажа оваа сезона дека може да игра добро секаде. Затоа треба уште еднаш да одиграме одлично за да стигнеме до полуфиналето“, рече Инзаги.

Реваншот се игра на 19 април во Милано.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина