Утрински Весник
Македонија

За Ковачевски, лидерот Мицкоски е нерелевантен да зборува за уставни измени: Тој не е пратеник и често менува ставови

За Ковачевски, лидерот Мицкоски е нерелевантен да зборува за уставни измени: Тој не е пратеник и често менува ставови

За премиерот Димитар Ковачевски, ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се нерелевантни. Коментирајќи ја изјавата од Мицкоски дека уставните промени за ВМРО-ДПМНЕ се завршена работа – Ковачевски рече дека претседателот на опозициската партија не е пратеник. Според премиерот, процесот ќе се одвива во институциите, а постапката треба да започне.

dobivaj vesti na viber

„Верувам дека нашето Собрание има демократски капацитет. Претседателот на опозицијата не е пратеник па така тој е нерелевантен да зборува за овие прашања. Тој многу често ги менува ставовите. На телевизија кажа дека го поддржува договорот со Бугарија, па излезе да каже дека не го поддржува. Со премиерот Петков кажа дека поддржува уставни измени, па излезе да каже дека не поддржува. Излезе да каже дека има уставни измени и барем еден негов пратеник гласа ќе даде оставка, па им земаше на пратениците нотарски изјави дека нема да гласаат – за потоа да каже ‘да, поддржуваме уставни измени по хрватски модел’. И по три дена кажа дека не поддржува уставни измени“, кажа Ковачевски.

Постапката треба да започне, заклучи Ковачевски, додавајќи дека се комплетира комисијата која ќе ги прави амандманите со кои Буагарите ќе влезат во македонскиот Устав.

„Вие ако ги погледнете наназад одлуките носени во нашата државата – ќе видите дека ВМРО-ДПМНЕ учествувано во ниту една државотврдна одлука за нашата држава. Не го поддржаа членството во НАТО, ние станавме членка на НАТО. Договорот со Грција не го поддржаа, ние ги продолживме преговорите… Не го поддржаа ниту отпочнувањето на преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет и не гласаа за европскиот предлог. Не го поддржаа ниту договорот со ФРОНТЕКС, каде македонскиот јазик е на исти договор со другите јазици на ЕУ“, додаде Ковачевски.

Во рамки на Уставот, процесот ќе се одвива во Собранието.

Претходно, Мицкоски посочи дека со овој парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ – уставни измени нема да има.

„Видете дека притисоци има, има ова не е бајка, јас не можам да ви кажам дека нема притисоци, и секој оној кој што се нафатил со оваа работа треба да е свесен дека има притисоци, и треба да е свесен дека има моменти кога треба да се спротивставите на тие притисоци со аргументи. Мојот пристап е да се спротивставам на тие притисоци со аргументи и така и ќе продолжам до сега не сум слушнал аргумент кој што ги победува аргументите кои што јас ги презентирам. Не дека сум јас надмен човек туку едноставно во животот треба да имате и елементарна логика, моите аргументи се елементарна логика и тие се јавно познати. Ако некој мисли дека со притисок нешто кај мене ќе постигне се лаже, такво нешто нема да се случи. Јас сум свесен дека тоа ќе продолжи и понатаму. Но ќе повторам промена на уставот во овој парламентарен состав нема да има. свесен за политичката цена која што можеме да ја платиме излеговме во јавност дадовме предлог, предлог кој што тие го дадоа, а тоа е хрватскиот модел на уставна преамбула, и рековме еве го прифаќаме, ајде господа повелете да видиме кој е европеец кој не е европеец. Ги извадивме на чистина, на виделина излегоа сите лаги сите клевети колку е Ковачевски европеец, колку е Пендаровски Стево европеец, колку е Али Ахмети европеец и останатите на чистина ги извадивме јавноста можеше да ги види . И тука завршува се. Јас сум свесен дека тие немаат друга тема, јас сум свесен дека тие немаат ниту еден проект ниту политика и реформа и континуирано како расипана грамофонска плоча ќе го повторуваат тоа уставни измени, уставни измени. Јас тука ја затворам оваа тема, вчера ја затворив темата со комисиите денеска ја затворам со уставните измени. И од сега па натаму одговорот мој ќе биде, го знаете ставот, тој е непроменет уставни измени во овој парламентарен состав ќе нема“, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме