Утрински Весник
Свет

Трамп: Русија не го разнесе својот гасовод

Трамп: Конфликтот во Украина може да се претвори во Трета светска војна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Русија не е одговорна за експлозиите на Северен тек во септември минатата година и навести дека САД би можеле да бидат вмешани во инцидентот, пишува „Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

„Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам“, му рече Трамп на водителот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, на прашањето за експлозиите на гасоводот.

„Можам да ви кажам кој не беше – Русија“, рече Трамп.

Сасоводите Северен тек 1 и 2 беа уништени во септември минатата година со серија експлозии кои, според сите извештаи, несомнено беа намерно предизвикани.

Ниту еден од четирите гасоводи не беше активен во тоа време – Северен тек 2 поради санкции и Северен тек 1 затоа што Русија претходно го затвори, наведувајќи ги како причина дефектите што не може да ги поправи поради санкциите – но тие сè уште беа полни со гас. Данска и Шведска потврдија дека експлозиите биле со јачина од 2,3 и 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Истражителите во Шведска и Данска, земјите во чиишто ексклузивни економски зони се случија експлозиите, потврдија само дека експлозиите на двата гасоводи Северен тек 1 и еден од двата гасоводи Северен тек 2 биле резултат на саботажа, но не кажаа кого сметаат за одговорен. Москва ги отфрли обвинувањата дека стои зад експлозиите и се обидува да го обвини Западот.

Трамп вели дека руско-украинската катастрофа никогаш не требала да се случи и дефинитивно немала да се случи да бил тој претседател.

„Не ги влошувајте работите со експлозија на гасоводи. Бидете стратешки, бидете паметни, склучете договор сега. И двете страни имаат потреба и сакаат. Целиот свет е доведен во прашање“, додаде тој.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија