Утрински Весник
Свет

СЗО: Кина го пријави првиот смртен случај од птичји грип од поттипот Х3Н8

СЗО: Кина го пријави првиот смртен случај од птичји грип од поттипот Х3Н8

Жена од Кина е првата личност што почина од поттип на птичји грип, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), и покрај сите претходни сознанија дека овој вид не се шири меѓу луѓето.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека 56-годишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата личност за која е познато дека е заразена со подвидот Х3Н8 на птичјиот грип.

Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени минатата година.

Центарот за контрола и превенција на болестите за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице, но не беа објавени детали за смртта на жената.

Според податоците на СЗО, пациентот имал хронични заболувања и бил изложен на живина.

 

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници