Утрински Весник
Култура

Отворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „Македокс“

Отворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „Македокс“

Здружението за промоција на документаристиката „Македокс“ е во потрага по петтата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм.

dobivaj vesti na viber

Повикот е отворен до 1 јуни 2023, a резултатите ќе бидат објавени до 15 јуни.

„Како да се пријавиш? Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на кој било друг начин и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања: Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?; Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто?; Кое е твоето најрано сеќавање?; Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што првин би ти кажало и зошто?; Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?; Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е се разликува од другите?; Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено? Видеото испрати ни го на [email protected] преку WeTransfer. Уште подобро, доколку си во можност, прикачи го на ВИЕМО или на „Јутјуб“, заштитено со лозинка, а нам испрати ни ги линкот и лозинката“, се наведува во повикот на „Македокс“.

На работилницата своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на „Македокс“, ланските „докуникулци“ и пријатели на фестивалот од други земји – докажани докупрофесионалци.

Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени. Дванаесеттемина избрани ќе бидат поделени во 3-4 помали групи, секоја со еден ментор, а на крајот на работилницата секоја група ќе треба да има готов креативен документарен филм.

Малолетните кандидати заедно со пријавите треба да достават и согласност од одговорен возрасен со која се одобрува нивното учество на работилницата.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“