ВМРО-ДПМНЕ ја осудуваат постапката на, како што велат, неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор.
Станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица.
Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа“ порачаа од опозициската партија.