Утрински Весник
Македонија

Предизвикал пожар во сопствената и во куќата на брат му: истрага против жител на Тетовско

„Ауди“ и мотор се судрија во Гостивар, тешко повредени 18-годишник и малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против општата сигурност во согласност со член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 9 април, осомничениот 57-годишник, намерно иницирајќи пожар во куќи во селото Мерово, предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Во вечерните часови на критичниот ден тој најпрвин влегол во куќата на својот брат, кој со неговото семејство живее во странство. Таму со запалка го запалил килимот во една од собите. Потоа осомничениот влегол во сопствената куќа и со запалка ја запaлил завесата во една од собите. На крајот, предизвикал пожар и во плевна во близина на својата куќа причинувајќи голема имотна штета по што го напуштил местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот ценејќи дека се исполнети законските основи и дека присуството на осомничениот во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди со друга мерка.​

Можете да прочитате

М-НАВ им забрани влез на синдикалците додека вдомува партиски кадри

Краток летен здив за политичарите: Мицкоски во Хрватска, Муцунски во Турција, а Сиљановска активна во Охрид

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август