Утрински Весник
Македонија

Истрага против 57 годишникот што предизвикал пожар во сопствената и во куќата на брат му

Истрага против 57 годишникот што предизвикал пожар во сопствената и во куќата на брат му

Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истражна постапка против лицето за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против општата сигурност согласно член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено на 9 април, осомничениот 57-годишник, намерно иницирајќи пожар во куќи во селото Мерово, предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Во вечерните часови на критичниот ден, тој најпрвин влегол во куќата на неговиот брат кој со неговото семејство живее во странство. Таму со запалка го запалил килимот во една од собите.

Потоа осомничениот влегол во сопствената куќа и со запалка ја запaлил завесата во една од собите. На крај, предизвикал пожар и во плевна во близина на неговата куќа, причинувајќи голема имотна штета, и го напуштил местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека присуството на осомничениот во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди со друга мерка.​

Можете да прочитате

Гужва на „Богородица“, се чека до 30 минути – еве каква е состојбата на останатите премини

Топлотен бран од денес до 13 август – препораки за заштита од високите температури

Новиот топлотен бран пристигнува: Тропски денови и ноќи со температури до 40°C!