Утрински Весник
Спорт

Меси одолжува со ПСЖ, чека понуда од Барселона

Меси одолжува со ПСЖ, чека понуда од Барселона

Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси ги одложува преговорите со францускиот шампион околу новиот договор, бидејќи чека понуда од Барселона, тврди „Мундо депортиво“.

dobivaj vesti na viber

Меси во ПСЖ пристигна од Барселона во 2021 година, а има договор до крајот на сезоната. Аргентинскиот фудбалер претходно најави дека по Светското првенство во Катар ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата, но се уште нема донесено конечна одлука.

„Меси би сакал да се врати во Барселона. Тој чека понуда од каталонскиот клуб, која се уште не е пристигната. Барселона сака да го врати Меси, но засега не може да испрати конкретна понуда поради финансиските проблеми. Раководството на каталонскиот клуб преговара со спонзори, со што би се овозможило враќање на Меси, а во исто време, Барселона би го избегнала прекршувањето на правилата на финансискиот фер-плеј“, пишува „Мундо депортиво“.

Меси (35) беше член на Барселона од 2000 до 2021 година, а со каталонскиот клуб освои 34 трофеи. За тимот од „Ноу Камп“ одигра 778 натпревари и постигна 672 гола.

Можете да прочитате

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи