Учениците на академијата „Донда“ на Канје Вест се лишени од образованието што го заслужуваат, но родителите треба да бидат загрижени ако се обидат да одат на друго место, тврди една од учителките која го тужи раперот поради неговото училиште.
Поранешната учителка во „Донда“, Сесилија Хејли, сега ги предупредува родителите и, во изјава за „ТМЗ“ укажува на фактот дека сериозно заостануваат во образованието. „Евентуалната одлука да се префрлат на друго место не значи дека веднаш ќе се реши проблемот,“ вели таа.
Сесилија објаснува дека децата не добиваат оценки во непризнаеното, односно неакредитирано приватно училиште, па префрлањето може да биде проблематично.
Таа е загрижена за иднината на учениците бидејќи се многу позади во наставниот програм.
Како што веќе објави „ТМЗ“, Сесилија и нејзината ќерка тврдат дека биле отпуштени откако ги истакнале недостатоците на училиштето, вклучувајќи ја и расата како фактор.
Поранешната учителка вели дека Канје можеби не е вклучен во проблемите на училиштето, иако е именуван во тужбата. Таа наведе бројни проблеми во училиштето – недостаток на столици, заклучени влезни врати, и без наставни планови за часовите. Таа, исто така се жали дека единствената ставка на менито за ручек е суши, и дека на децата им е дозволено да јадат само еднаш во денот.