Утрински Весник
Македонија

МНР потврди: Загинатите во несреќата во Италија се на 30 и 31 година

МНР потврди: Загинатите во несреќата во Италија се на 30 и 31 година
Dik 300x250 mk

Министерството за надворешни работи на Македонија доби потврда дека во сообраќајна несреќа во Италија, загинале тројца македонски државјани.

dobivaj vesti na viber

„Во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Северна Македонија. Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко“, велат од МНР.

Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.

„Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата. Дозволете да информираме дека на располагање се дежурните телефони на: – Генералниот конзулат во Венеција +39 327 935 1698, – Амбасадата во Рим +39 351 336 3919 – како и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732, додаваат од МНР.

Можете да прочитате

Кирил Миноски: Апсолутна власт – примерот на Филипини и Фердинанд Маркос

Во Скопје се одржува меѓународен студентски симпозиум посветен на предизвиците во новиот свет на дигиталната ера

Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат на мирен марш за правично судење на 8-ми Ноември