Утрински Весник
Македонија

(Видео) Сообраќајка во Влае, се судрија четири автомобили

(Видео) Сообраќајка во Влае, се судрија четири автомобили

Верижен судир се случи вечерва во Влае, пред мостот „Влајко“. Во сообраќајката се судрија четири возила марка „рено“, „цитроен“, „голф“. Причинета е материјална штета. Несреќата е пред семафорите на булеварот „Партизански одреди“. На терен има и полиција, која прави увид. Неофицијално, нема повредени лица.

dobivaj vesti na viber

Ова не е единствена несреќа вечерва. На пола километар од ова место, а по кружниот тек кој води кон пазарчето во Ѓорче Петров – имаше друга незгода помеѓу три возила. Возачите наместо со полиција, несреќата ја решија со пополнување на европски договор.

Врнежливото време вечерва предизвика проблеми за возачите. Сообраќајки имаше и надвор од Скопје, но заега, нема информации за тешко повредени.

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија