Утрински Весник
Свет

Лавина на француските Алпи, четворица загинати

Лавина на француските Алпи, четворица загинати

Четири лица загинаа, а повеќе се повредени во лавина што денеска околу пладне падна на глечерот Амансет на Алпите, објави на Твитер францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

dobivaj vesti na viber

Податоците за жртвите од лавината во Горна Савоја се „привремени“, а „спасувачите се уште се на терен“, додаде министерот, велејќи дека неговите мисли „се со жртвите и нивните семејства“.

Покрај четворицата загинати, во моментот на несреќата имало уште девет лица, но се уште се утврдуваат информациите за нивната состојба. Несреќата се случила околу пладне во општината Контаминес-Монтжои, префектурата Горна Савоја, додадена на АФП.

Лавината била долга 1000 метри и широка 100 метри, според истиот извор. Се уште не е познат идентитетот на жртвите. Метео-Франс не издаде никакво предупредување за лавина, забележува префектурата, но затоплувањето и ветерот ја фаворизираа несреќата.

На терен веднаш се испратени дваесетина спасувачи, пожарникари, полицајци и лекари од Итна медицинска помош, а дополнителна помош се уште пристигнува. Во потрагата учествуваат хеликоптери на цивилната заштита и полицијата и кучиња обучени да трагаат по жртви во лавини.

Можете да прочитате

Кина по првпат ја претстави нуклеарната „тријада“ на воената парада во Пекинг

Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да ѝ обезбедиме на Украина

Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа